Lamborghini ќе произведе дополнителни примероци од Aventador поради пожарот на товарниот брод

Lamborghini ќе го рестартира производството на Aventador за да ги надомести изгубените примероци во пожарот и потонувањето на товарниот брод.

Она што се сметаше за можно сценарио сега доби и официјална потврда, бидејќи Lamborghini најави дека ќе го рестартира производството на моделот Aventador за да ги замени 15-те автомобили од серијата Ultimae кои изгореа и потонаа заедно со товарниот брод Felicity Ace.

Станува збор за брод со повеќе од 4.000 возила од групацијатаVolkswagen, кој се запали додека пловел по Атлантскиот Океан. И покрај напорите за спасување, огнот се проширил, а бродот на крајот потона и заврши на дното на океанот. На бродот имало 85 автомобили Lamborghini, од кои повеќето биле примероци на теренецот Urus.

Меѓутоа, бродот носел и 15 примероци од Aventador. и извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, потврдија дека компанијата ќе го рестартира производството на суперавтомобилот со V12 погон за да ги надомести загубите. Изгубените примероци од Aventador Ultimae беа на пат до нивните клиенти во САД.

Останатите изгубени автомобили припаѓаат на модели кои сè уште се во производство, па Lamborghini нема да има премногу тешкотии да ги замени.

Дали продолжувањето на производството на Aventador ќе го одложи претставувањето на неговиот наследник сè уште не е познато. Новата хибридна V12 машина е во завршна фаза на тестирање.

Бродот Felicity Ace превезуваше различни автомобили, со вкупна вредност од околу 401 милион долари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе