ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Лампард: Баерн може да ја освои ЛШ

Тренерот на Челси смета дека вечерва неговиот тим ќе игра против еден од главните кандидати за пехарот и се наоѓа пред тешка задача да му застане на патот.

Френк Лампард сезонава првпат како тренер води клуб во Лигата на шампионите. Откако за влакно ја мина групната фаза само бод бегајќи му на Ајакс, сега е пред тежок предизвик бидејќи на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа германскиот гигант од Минхен.

„Ова е битка во две фази. Концентрацијата и фокусот мора да бидат на највисоко ниво во двата натпревара. Сакам да преземаме повеќе ризик во нападот, но така што нашата дефанзива ќе биде подготвена и на готовс“, вели Лампард.

Најголема закана по голот на неговиот тим, според него, е полскиот голгетер Роберт Левандовски.

„Левандовски е конзистентен со години. Неговата статистика на голови, гледајќи го од страна сѐ на него е светска класа. Имам гледано доста од Баерн и токму тој се истакнува. Тој е врвот на копјето, но имаа и други играчи кои претставуваат закана. Нашата игра мора да оди нагоре во нокаут фазата. Нашата игра мора да оди нагоре каде и да играме“.

Поранешниот играч вели дека Баерн е еден од кандидатите за освојување на пехарот на крајот од мај во Истанбул. Во 2012, кога Лампард беше капитен на Челси, триумфираше во ова натпреварување токму над Баерн и тоа среде Минхен, на пенали.

„Да, секако дека Баерн може да ја освои Лигата на шампиони. Имаат талент и играат како еден, не бадијала се први во Бундеслигата. Тоа е клуб кој ги надминува потешкотиите поради својата силина и структура. Имам огромна почит за нив. Тие секоја година можат да ја освојуваат Лигата на шампионите, но нашата работа е да се обидеме да ги спречиме“.

Натпреварот се игра вечерва од 21 часот, а правдата ќе ја дели францускииот арбитар Клемен Тјурпен.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе