СЕРИЈА А 2020/21

Лаутаро: Тешко е да се држи чекор со Лукаку

Аргентинецот признава дека често за време на натпреварите му е тешко да држи чекор со брзоногиот Лукаку.

Лаутаро Мартинес синоќа изнуди пенал и постигна гол токму на асистенција на Ромелу Лукаку, кој пак погоди двапати во победата на Интер од 3:1 над Лацио со која го презема врвот во Серија А.

„Ромелу работи толку напорно за тимот и понекогаш морам да почнам да трчам пред него за да можам да држам чекор при контра нападите“, вели Лаутаро за Sky Sport Italia.

Голот кој го постигна синоќа беше веројатно најлесниот во неговата кариера откако Лукаку ја заврши целата работа и му сервираше на празна мрежа.

„Бев малку уморен, работев тренинзи за рехабилитација и сега се чувствувам подготвен за кога и да му требам на тренерот“.

Откако Милан изненадувачки загуби на гости кај Специја, Интер со вчерашната победа сега води на табелата со 50 бодови, еден пред градскиот ривал.

Remote video URL

„Многу сме среќни што сме пред сите, тоа е она за кое и работевме. Но, ова е само почеток, мораме да го задржиме првото место и да не го испуштиме“, додава Мартинес.

Токму в недела на програмата е големото Дерби дела Мадонина помеѓу Интер и Милан, натпревар кој може Интер да го оддалечи на врвот или пак Милан повторно да се врати на водечката позиција.

„Следува дербито в недела, ако сакаме да останеме први, мора да одиграме како што и игравме досега“, завршува аргентинскиот напаѓач.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе