Лавров: НАТО и САД се директно вклучени во војната со Украина

Макфакс
/ 12.12.2023 / 10:25

Колку ново оружје и да набави Украина, сето тоа ќе биде уништено од руската армија, изјави првиот заменик на рускиот амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Пољански.

„Новото оружје на Украина на никаков начин нема да влијае на исполнувањето на целите на Русија во специјалната воена операција. Сакам да ги советувам сите западни земји што поскоро да се запрашаат до каде ќе ѝ помогнат на Украина, ако има сѐ помалку Украинци кои веруваат во украинскиот режим“, рече Пољански.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш посочи дека Соединетите Американски Држави и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само со испраќање оружје, туку и со обука на нивниот персонал во Обединетото Кралство, Германија, Италија и други земји.

Американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина од руската инвазија која започна во февруари 2022 година, но не одобри никакви средства откако републиканците го презедоа Претставничкиот дом од демократите во јануари.

До средината на ноември, американското Министерство за одбрана искористи 97% од 62,3 милијарди долари дополнително финансирање за Украина, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари воена помош за Украина што беа доделени, изјави директорот на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе