Леау сега ужива на терен со Ибра: Со него играв на PS4

Рафаел Леау вели дека има многу што да научи од Златан Ибрахимовиќ, сега откако доби шанса да игра покрај него откако претходно со Швеѓанецот играл само на PlayStation.

Со само 21 година Леау е дури 18 години помлад од шведската легенда. Можеби Ибра има 39 години, но сѐ уште не е подготвен да ги закачи копачките, а тоа го докажа и со одличниот старт на новата сезона во Серија А.

„Со него играв на PS4. Потоа дојдов во Милан и сега играм покрај него, тренирам со него во вистинскиот живот“, рече Бразилецот говорејќи за CBS Sports.

„Секој ден со него е шанса за подобрување. Многу сум горд и пробувам да го слушам и со него да се подобрувам секој ден“.

Леау е и импресиониран од различните страни на Ибра, онаа како играч и онаа надвор од зелениот терен.

„Вон теренот, тој се шегува, се смее. На терен, тој е поинаков. Тој е груб, не се шегува. Кога сте со него на терен можете да победите било кој тим, не е важно кои се тие“, вели Рафаел.

„Тој е икона. Со него во тимот можат да се достигнат големи нешта. Ни го дава искуството што го има стекнато играјќи во Лигата на пшампионите и освојувајќи ја Лига Европа. Покрај него се млади играчи и одличен стратег. Кога Пиоли доаѓа на натпреварите ни вели 'немојте да чуствувате притисок, играјте си ја вашата игра и уживајте'. Кога го слушам тоа, тоа и го правам. Едноставно уживам во играта“.

Леау сезонава во Серија А одигра 6 натпревари на кои постигна два гола и три пати асистираше, додека Ибра, кој е моментално повреден, на исто толку натпревари постигна 10 голови и една асистенција. А, пак, нивниот Милан е лидер на табелата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе