Леброн го однесе Кливленд во големото финале (видео)

Кошаркарите на Кливленд, со уште една убедлива победа над Торонто со 113-87, ја освоија титулата во Источната конференција и изборија пласман во големото финале во НБА лигата. Противник во финалето ќе им биде победникот од серијата на Западот што ја играат Голден Стејт и Оклахома (2-3).

Кливленд втора година по ред ќе се бори за титулата во НБА лигата, додека најдобриот играч на тимот, Леброн Џејмс, шести пат ќе игра во завршниот меч (четири пати со Мајами, два пати со Кливленд).

Џејмс во Торонто постигна 33 поени на кои придодаде 11 скокови. „Кралот Џејмс“ е осмиот играч во историјата кој стигнал до шест последователни финалиња, а е прв во НБА лигата кој стигнал до вакво остварување, а да не е играч на Бостон Селтикс.

Покрај Џејмс, одличен меч одиграа и останатите двајца од „Големата тројка“ на Кливленд, Кајри Ирвинг постигна 30 поени, а Кевин Лав имаше учинок од 20 поени и 12 скокови.

Кај Торонто се истакнаа Кајл Лаури со 35 и Демар Дерозан со 20 кошеви. Торонто, клуб кој постои 21 година, го играше своето прво конференциско финале.

Инаку, Кливленд Кавалирс ќе се обидат да го прекинат петдеценискиот пост, односно на градот да му ја донесат првата титула во некој од професионалните спортови во САД. Последен пат градот Кливленд имал шампион во САД, кога во 1964 година во градот пристигнала титулата во НФЛ лигата. 

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=rbwqzWsPgNk]

 

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе