Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен ги победија Чикаго Булс со резултат 121:110, а сите зборуваат за несанкционираните чекори на Леброн Џејмс.
Џејмс ја скина тетивата на десното стапало во февруари, но реши да не оди на операција за да им помогне на Лејкерс да се пласираат во плејофот.
Леброн против Булс постигна 25 поени со 7 скока, но еден детаљ од играта го привлече вниманието на навивачите.
Џејмс при едно пробивање тргна помина покрај Патрик Вилијамс и тргна на двочекор. Пред него застана Никола Вучевиќ, а Џејмс во обид да го заобиколи Црногорецот направи дополнителни три чекори и потоа им ја додаде топката на соиграчите, а судиите не свирнаа ништо за неговите не еден, не два, ами три екстра чекори.
Во НБА лигата често им се „прогледува низ прсти“ на најголемите ѕвезди кога ќе направат чекор повеќе од дозволеното, но овојпат судиите претераа, па дури и коментаторите на играта останаа шокирани.
„Боже мој, а пасош носиш ли?“, прашаа тие, алудирајќи на растојанието кое Леброн го помина носејќи ја топката на недозволен начин.
Лејкерс сега се на осмото место кое води во плеј-офот и на само две победи до шестото место кое води во плеј-офот.