Леќата и грашокот од локалитетот Влаку во Пелагонија најстари досега датирани во Европа

Центарот за истражување на предисторијата доби потврда за најстарото потекло на леќата и грашокот во Европа на локалитетот Влаку.

Имено, со археоботаничките анализи на растенијата пронајдени при ископувањето на археолошкиот локалитет во Пелагонија се детектираа остатоци од повеќе мешункасти плодови и житни зрна. Нивното датирање со помош на радиокарбон-анализите потврди дека тие биле користени во втората половина на седмиот милениум п.н.е., што ги прави овие остатоци од Влаку најстари досега датирани леќа и грашок во Европа.

Остатоците од леќа, грашок и житни зрна се откриени при археолошкото истражување на локалитетот Влаку кај Живојно во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Заводот и Музеј Битола. Со примена на археоботаничките и радиокарбон-анализите во универзитетите во Базел, Белград, Севилја и во Цирих се детектираа видовите и се утврди нивната старост од речиси 8.300 години. Во текот на овие истражувања се посочува и на тоа дека житните зрна и афионот откриени на Влаку се исто така едни од најстарите во Европа, што дополнително ќе се проверува со натамошните анализи.

Археоботаничките проучувања на Влаку се изведени во релација со неолитските локалитети Врбјанска Чука и Велушка Тумба во Пелагонија, така што резултатите посочуваат на разни стопански практики меѓу овие населби. Исхраната се адаптирала на климатските разлики во регионот, така што во голема мера се јаделе грашок, пченица, јачмен и леќа, а постојат индикации и за можна подготовка на пиво. Посевот најчесто се жнеел во пролет, а еднозрнестата пченица била повеќе користена во северните делови на Пелагонија.

Резултатите од овие археоботанички истражувања се публикувани во Vegetational History and Archaeobotany, кое е едно првите десет археолошки списанија со највисок импакт-фактор во светот. Тоа воедно ги потврдува научните аргументи поврзани со неолитската исхрана во Пелагонија и раното датирање на мешункастите растенија и житните зрна. Освен истакнатиот научен карактер на публикуваните податоци, овој труд исто така го презентира и предисториското културно наследство во Македонија во светски рамки и ја акцентира неговата битна улога во појавата на земјоделството во Европа. Археоботаничките анализи се направени од Амалија Сабанов, Феран Антолин и Раул Сотерас, радиокарбон-анализите од Ирка Хајдас, а изведени се во рамките на мултидисциплинарното истражување на неолитските тумби во Пелагонија под раководство на Гоце Наумов.

Мултидисциплинарните истражувања на Влаку, Врбјанска Чука и Велушка Тумба се одвиваат повеќе години и даваат сосема ново светло за значењето на пелагонскиот неолит во поширок европски контекст. Освен археолошките ископувања, на овие локалитети применети се и геофизичкото скенирање, геоархеолошки, археозоолошки, археоботанички, антрополошки и радиокарбон-анализи, како и проучувањето на липидите, изотопите и функциите на алатките. Локалитетите се документирани со фотограметриски модели и ласерско скенирање, а исто така направени се и дигитални 3Д-реконструкции на градбите и неолитските села, што овозможува нивно доследно презентирање и пред пошироката јавност. Ваквиот пристап обезбедува доследно толкување на времето и карактерот на овие неолитски тумби и нивно истражување преку најсовремените археолошки методи. Досегашните резултати се публикувани во повеќе врвни меѓународни списанија и презентирани на разни предавања и конференции во Европа и САД, што воедно ја прават Пелагонија поприсутна на светската археолошка мапа.

Линк до трудот во Vegetation History and Archaeobotany.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе