Левица поднесе антипровизиски закон со цел намалување на екстрапрофитите на банките

Пратениците на Левица синоќа во Собранието поднесоа Предлог-закон за дополнување на Законот за платен промет, чија основна цел е намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите.

„Во изминатиов период на економска и здравствена криза, банките во Македонија неоправдано ги зголемиле приходите по основ на т.н. скриени трошоци кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат, без никаков надзор и контрола од страна на Народната банка на РМ, па така двете најголеми банки во земјава оствариле профит од преку 32 милиона евра само од ова 'крадење на ситно' на граѓаните – наплатувајќи им буквално за сè и сешто“, велат од Левица.

Предлог-законот го поднесоа двајцата пратеници од оваа брзорастечка партија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

„Законот, за кој очекуваме поширока парламантарна поддршка од сите партии, е насочен директно против оваа неетичка стратегија на комерцијалните банки и со истиот им се забранува на банките да наплаќаат за нормални и секојдневни платежни услуги кои им ги пружаат на своите клиенти – како на пример: водење на трансакциска сметка; членарини за платежни картички; електронски плаќања на уплатници; услуги на мобилно и е-банкарство; издавање изводи од сметка; доставување на податоци до судови, нотари и извршители; блокирање и деблокирање на сметка; проверка на состојба; подигање готовина од друг банкомат; измислени т.н. 'административни трошоци' за издавање кредит кои се изразуваат во фиксен или процентуален износ и слично“, додаваат од партијата.

Целиот Предлог-закон можете да се погледне со клик тука.

Останува да видиме дали другите партии, независно од власта или од опозицијата, ќе го поддржат овој Предлог-закон и ќе им излезат во престет на граѓаните особено во овие тешки денови на економска криза кога секоја помош на народот му е добредојдена.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Македонија

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Read more

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Read more

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Read more
 

Вести

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе