Лили Џејмс и Себастијан Стан се појавуваат како Памела Андерсон и Томи Ли во првиот трејлер за долгоочекуваната серија „Pam & Tommy“, која во февруари ќе биде достапна на платформата Hulu.
Драмата од 8 епизоди го следи односот меѓу тогашната ѕвезда на серијата „Baywatch“, Памела Андерсон и тапанарот Томи Ли. Тие се венчаа по седум дена од запознавањето во 1995 година.
Секс снимката што ја направија во текот на медениот месец беше украдена и раширена на интернет. Андерсон и Ли тужеа го тужеа дистрибутерот Internet Entertainment Group и на крајот постигнаа спогодба според која снимката повторно стана јавна.
Трејлерот ги следи првите фотографии од сетот направени во мај, а кои нудат прв поглед во изгледот на новата верзија на Памела и Томи.
Интересно е што ниту Андерсон, ниту Ли не се вклучени во продукцијата на серијата. За Лили Џејмс се смета дека оваа улога ќе биде важен момент во кариерата. Серијата премиерно ќе биде прикажана на 2 февруари на Hulu платформата.