ЛИГ 1 2023/2024

Лион го отпушти Гросо по само 7 првенствени натпревари

Италијанскиот стратег Фабио Гросо повеќе не е тренер на Лион.

Челниците на Лион решија да му врачат отказ на Гросо откако го водеше тимот на само 7 првенствени натпревари. Францускиот клуб денеска објави соопштение во кое ги информира навивачите дека Пјер Саж ќе биде привремен тренер, а ќе му помагаат Жереми Брешет, Жан-Франсоа Вије и тренерот на голманите Реми Веркутр.

Тоа значи дека заедно со Гросо од Лион заминуваат и неговите соработници Рафаеле Лонго, Франческо Вакариело, Виторио Карело и Мауро Карета.

Гросо го презеде Лион на 16 септември кога го замени Лоран Блан по ужасниот почеток на сезоната во кој тимот падна во зоната за испаѓање благодарение на само едниот освоен бод од првите четири кола.

Првата лигашка победа Гросо ја оствари против Рен пред репрезентативната пауза, но тоа остана негов единствен триумф. На седум натпревари забележа и 2 нерешени и 4 порази.

Италијанецот неславно го напушта францускиот клуб, а ќе остане запаметен и по повредата што ја заработи кога навивачите на Марсеј го каменуваа тимскиот автобус на Лион. Станува збор за исеченици на лицето кои бараа конци.

Лион е последен на табелата со само 7 бодови од 12 одиграни натпревари и заостанува 5 бода зад сигурната зона. До крајот на сезоната во Лиг 1 остануваат уште 22 кола.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе