Ливерпул дојде до бројката од 10.000 голови

Диогу Жота е фудбалерот чие име со златни букви ќе биде запишано до бројот 10.000 во историјата на тимот од „Енфилд“.

Ливерпул има долга и богата историја, а синоќа во Лигата на шампионите падна и голот број 10.000. Честа да ја затресе мрежата по 10 илјадити пат ја имаше Португалецот Диогу Жота кој во 55. минута по асистенција од Трент Александер-Арнолд го отвори резултатот против Митјиланд.

Жота е прва сезона во таборот на „Црвените“ и веќе си обезбеди место во историјата. Пишано му било на 23-годишниот Портругалец, бидејќи и Мохамед Салах и Садио Мане и Роберту Фирмину беа на клупата за резерви.

„Нормално, среќен сум што погодив и му помогнав на тимот на победи. Да се дојде до таков јубилеј е секогаш убаво достигнување, но денес јас сум среќен поради победата“, рече стрелецот Жота.

URL

„Тоа беше убав гол со одлична завршница од Диогу. Имаме навистина горда историја и е одлично достигнување да се стигне до ваков јубилеј“, вели асистентот на 10 илјадитиот гол, Александер-Арнолд.

Приказната за головите на Ливерпул почна пред 128 години кога Џок Смит го постигна историскиот прв гол во победата од 8:0 над Хајер Валтон во Ланкашир лигата, тогаш трета лига.

Голови на Ливерпул во официјални натпреварувања:

  • Премиер лига: 6.968
  • Чемпионшип: 977
  • Ланкашир лига: 66
  • ФА куп: 708
  • Лига куп: 481
  • Комјунити Шилд: 26
  • Лига на шампиони: 411
  • Лига Европа: 186
  • Куп на победници на купови: 57
  • Куп на саемски градови: 46
  • УЕФА Суперкуп: 18
  • Светско клупско првенство: 6
  • други натпреварувања: 50
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе