Челниците на Ливерпул го загубија трпението и решија да се откажат од Шаби Алонсо, а сега е извесно дека баскиоскиот стручњак нема да го наследи Јирген Клоп на клупата на „Црвените“.
Како што пренесува секогаш добро информираниот Фабрицио Романо, челниците на Ливерпул веќе се свртеле кон друго решение, па го пронашле наследникот на Клоп во Португалија.
Имено, најсериозен кандидат да седне на клупата на Ливерпул од 1 јули е 39-годишниот Рубен Аморим.
Поранешниот португалски репрезентативец е на клупата на Спортинг од 2020 година. Со лисабонскиот клуб освои едно првенство, два купа и еден Суперкуп на Португалија, а на пат е да освои уште една шампионска титула.
Романо додаде дека Баерн се уште го чека одговорот на Шаби Алонсо кој го води Баер Леверкузен до титулата германски шампион, но дека чекањето ќе биде залудно.
Имено, Алонсо решил да остане во Баер барем до крајот на следната сезона.