Ева Лонгорија се појави на Модната недела во Париз каде ја поддржа Викторија Бекам, а воедно ја покажа и новата есенска фризура.

Актерката на Instagram ги покажа своите фотографии од Модната недела во Париз, а воедно го покажа и својот нов имиџ. Откако претходно ја поткастри долгата кафена коса, сега ги поткастри и шишките.
Лонгорија за ова издание облече мини фустан со боја на лимета со кратки ракави и набори на струкот, кој го спои со црни сандали и црна мини чанта од брендот на Викторија Бекам.
Лонгорија потоа сподели фотографии од ревијата на Викторија, која се одржа во куќа од VIII век во Сен Жермен, каде што некогаш престојувал покојниот дизајнер Карл Лагерфелд.
За време на претставувањето на новата колекција, Викторија ја поддржаа членовите на нејзиното семејство - сопругот Дејвид, ќерката Харпер и синовите Круз и Бруклин.
Дејвид во оваа прилика се истакна со својата комбинација на облека, појавувајќи се во сандали и чорапи. Остатокот од неговата облека е поелегантна, а тој беше облечен во костум.