Лоши вести за оние што ги блокираат рекламите на YouTube

YouTube на секој начин се обидува да ги принуди корисниците да се префрлат на Premium претплата, за што е потребно да се издвојуваат 13,99 долари месечно.

Кој не сака да плати, платформата ќе го тера да гледа реклами. Сепак, за оние кои ќе се обидат да ги блокираат, под услов да го заобиколат блокирањето на гледањето и подолготрајното вчитување на страниците за пет секунди, YouTube сега подготви нова мерка.

Како што забележаа корисниците кои блокираат реклами на страницата Reddit, YouTube почна да го успорува вчитувањето на видеата.

Во една од објавите поврзани со оваа тема, голем број луѓе тврдат дека имаат проблем со вчитувањето на клиповите на YouTube, а некои од нив велат дека овој проблем по грешка го припишале на лошиот интернет. Наводно, времето на вчитување на видеото драстично се подобрува по исклучувањето на блокирачот на реклами.

Најлошо од сè - се чини дека платформата „не изгледа каде удира“, бидејќи проблемот го пријавуваат и оние кои се претплатени на YouTube Premium.

Дополнително, корисниците тврдат дека овие вештачки предизвикани ограничувања не се ограничени на бавно вчитување, туку влијаат и на многу други функционалности на страницата, па дури и на перформансите на Chrome. Некои корисници известуваат дека по одредено време ја губат можноста за репродукција на видеа на цел екран и дека единственото решение е да го рестартираат прелистувачот.

Сепак, голем број корисници сè уште не ги доживеале новите мерки на своја кожа, што значи дека платформата ги применува во бранови.

Откако корисниците најдоа начин да го заобиколат блокирањето и побавното вчитување на страницата, останува да се види дали најновиот потег на YouTube ќе успее да го направи блокирањето на реклами доволно непријатно искуство, што би принудило многумина да издвојат пари за месечна претплата.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе