„Лошото момче“ најде нов клуб: Балотели потпиша за Олимпик Марсеј

Откако не успеа да постигне ниту еден гол за Ница од почетокот на сезоната, Марио Балотели реши да ја промени средината и да потпише за лигашкиот ривал Олимпик Марсеј. Ова ќе биде негов седми клуб во кариерата.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити и Милан потпиша шестмесечен договор со Олимпик Марсеј, кој ќе го задржи во клубот само до крајот на сезоната, пред раководството да одлучи дали сака да го задржи или не.

Марио Балотели (28) и челниците на Ница се договорија да го раскинат меѓусебниот договор, што значеше дека Италијанецот стана слободен играч и во истиот момент му се приклучи на тимот на Олимпик Марсеј, каде ќе се обиде да ја пронајде голгетерската форма. Во изминатите две сезони Балотели одигра 51 натпревар за Ница и постигна 33 гола, но оваа сезона не успеа да ја затресе противничката мрежа ниту еднаш.

„Тој нема тренирано, ниту играно фудбал цел месец. Поради тоа, тешко е да се каже дали може да биде подготвен за натпреварот во петок. Можеби ќе ни биде потребно повеќе време за да го направиме 100% подготвен за игра“, изјави тренерот на Марсеј, Руди Гарсија.

Во петок Олимпик Марсеј игра против моментално второпласираната екипа во француската Лига 1, Лил. Со поволен резултат, тимот на Руди Гарсија би се приклучил во трката за некое од местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе