Лов на суперјахти: Каде ги кријат санкционираните руски олигарси?

А.С./Ф.З.
/ 23.03.2022 / 15:47

Богатите Руси кои се санкционирани од САД, ЕУ и Обединетото Кралство мора да најдат локации кадешто ќе можат да го чуваат својот имот.

Две суперјахти поврзани со рускиот милијардер Роман Абрамович стигнаа во Турција, надвор од дофатот на санкциите од Обединетото Кралство и ЕУ. Секоја чини повеќе од 500 милиони долари и се меѓу јахтите што ги надгледува Lloyd's List Intelligence.

Експертите за навигациски податоци ги следат уредите за следење на бродовите и тие информации ги споделија исклучиво со BBC, овозможувајќи цртање на мапи на движењето на овие и други бродови поврзани со санкционираните Руси.

Чамец полн со млади Украинци се обиде да ја запре суперјахтата MY Solaris закотвена во Бодрум, Турција.

Уште една јахта поврзана со Абрамович, Eclipse, отплови до Мармарис. Обединетото Кралство, САД и ЕУ најавија дека ќе ја таргетираат суперјахтата, а досега се запленети најмалку осум од нив.

Повеќето сè уште се на слобода - некои се во движење, други се закотвени на места кои се безбедни од санкции, како што се Малдивите.

Многу суперјахти се поврзани со руски милијардери, но нивната сопственост е покриена со тајност - бродовите често се регистрирани преку голем број офшор компании.

Тимот на Lloyd's List Intelligence ги анализираше документите за регистрација, кредитни извештаи и други документи за да утврди кој е поврзан со која јахта.

Роман Абрамович

MY Solaris, јахта за која се проценува дека чинела 600 милиони долари, може да се пофали со базен и хелиодром.

Има екипаж од околу шеесет луѓе и може да прими повеќе од 30 гости.

Податоците од нејзиниот уред за следење покажуваат дека се чува во меѓународни води - таму каде што не може да биде запленета - во Средоземното Море.

Беше закотвена во близина на Тиват во Црна Гора во деновите откако Обединетото Кралство воведе санкции против Абрамович.

Тиват, во Которскиот залив опкружен со планини, е место што може да се пофали со големо пристаниште.

MY SOLARIS

MY Solaris пловеше од западниот брег на Грција кога ЕУ воведе санкции против Абрамович на 15 март.

На 21 март стигна во одморалиштето Бодрум на турскиот брег, кое има модерна марина и може да собере суперјахти долги до 140 метри.

MY Solaris ги одбегнува грчките води и санкциите на ЕУ

Но, патот ѝ го попречи мал чамец со осум млади од украинскиот јуниорски тим за едрење и нивниот тренер, кои го вееја украинското знаме.

Тренерот Пауло Донстов за BBC изјави дека биле таму за да се натпреваруваат во едриличарскиот шампионат кога биле информирани за доаѓањето на MY Solaris.

„Сакаме светот да знае дека Украина сака слобода и мир“, рече Донстов, чие семејство се уште е во украинскиот пристанишен град Одеса.

Турција соопшти дека „нема намера“ да се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија и, за разлика од повеќето европски земји, продолжува да дозволува директни летови од Русија.

Капетан на брод што се повврзува со еден богат Русин, кој сакаше да остане анонимен, изјави за BBC дека турските власти јасно ставиле до знаење дека руските бродови се „многу добредојдени и ќе бидат третирани како и секој друг брод“.

Ecslipse е една од најголемите јахти во светот.

Има девет палуби, три хелиодроми и подморница за три лица.

Наводно има и одбранбен систем со проектили и систем за ласерско светло за откривање фотографи кои го фотографираат бродот.

Eclipse

Јахтата беше закотвена кај карипскиот остров Сен Мартен - холандската прекуморска територија поврзана со ЕУ - но исплови на почетокот на март.

Потоа пловела на исток преку Медитеранот, северно од Алжир.

Податоците укажуваат дека пристигнала во Мармарис, Турција, на 22 март.

Одморалиштето, поранешно рибарско село, е уште една популарна дестинација за суперјахти.

Има марина, отомански замок и повеќе од 50 места за нуркање во близина.

Андреј Костин

Sea Rhapsody исто така е во движење.

Оваа јахта е поврзана со Андреј Костин, претседателот на руската државна банка VTB, врз која има воведено санкции од властите на САД, ЕУ и Обединетото Кралство.

Sea Rhapsody

Јахтата, која може да се пофали со кино и теретана, го напушти Фетије во Турција на 18 февруари, упатувајќи се кон Оман, пред да пристигне на Сејшелите на 3 март, каде што е оттогаш.

Олег Дерипаска

Останатите суперјахти не мрднаа.

Една од нив е CLIO, поврзана со Олег Дерипаска, индустријалец близок до претседателот Путин, кој има санкции од Обединетото Кралство и од САД.

Оваа јахта има свој брод за поддршка Sputnjik- заедно со хелиодром - и моментално е блиску до Малдивите.

Неколку други суперјахти поврзани со Русите кои се санкционирани се на или во близина на Малдивите, вклучувајќи ги и Ocean Victory поврзана со Виктор Рашников и Nord поврзана со Алексеј Мордашов.

Madame Gu - јахта поврзана со Андреј Скоч, кој е санкциониран од ЕУ и ОК - е со седиште во Дубаи.

Малдивите, Сејшелите и Дубаи немаат договор соСАД, Обединетото Кралство или ЕУ што ќе им овозможи на властите да запленуваат имот, заштитувајќи ги тамошните јахти од какви било санкции.

Но, можеби нема да можат да останат во безбедни води на неодредено време.

„Тие нешта се живи, гладни животни на вода на кои им треба одржување... Значи, ви требаат пристаништа што можат да го обезбедат тоа“, вели Капусин Де Вали, извршен директор на Bout Bookings.

„Сите водечки бродоградилишта се во северна Европа.“

Таа смета дека производителите би можеле да престанат да нудат делови и одржување поради санкциите.

Од деветте суперјахти поврзани со санкционираните Руси, само една е закотвена во европски води.

The Tango - поврзана со Виктор Векселберг - е закотвена на брегот на Палма во Шпанија.

Векселберг беше санкциониран од САД и Обединетото Кралство, но не и од ЕУ.

Владимир Путин

Суперјахтата поврзувана со рускиот претседател Владимир Путин во минатото се врати во руските води пред да започне инвазијата на Украина.

Graceful се пресели од Германија на брегот на Калининград, Русија, во средината на февруари.

Но, Lloyd's List вели дека податоците за нејзиното движење се ограничени, бидејќи бродот го исклучил уредот за следење неколку недели.

Според Конвенцијата на Обединетите нации за безбедност на животот на море (SOLAS), уредите за следење мора постојано да се вклучуваат, освен во случај на опасност за безбедноста на екипажот и самиот брод.

Неколку други јахти поврзани со Русија, исто така, повремено ги исклучуваа уредите за следење во изминатиот месец.

Американските власти ја истражуваат сопственоста на друга јахта, Scheherazade, која моментално е закотвена во близина на италијанскиот град Марина Ди Карара.

Следбениците на рускиот опозициски лидер Александар Навални ја поврзаа јахтата долга 140 метри, проценета на 700 милиони долари, со претседателот Путин.

Кои јахти се запленети?

Во овој период од годината, многу суперјахти обично заминуваат за популарни европски дестинации, како што е Порт Херкулес во Монако или Марина Гранде на италијанскиот остров Капри.

Sailing Yacht A, запленета во Трст, Италија (поврзана со Андреј Мелниченко)

„Помеѓу декември и април е сезоната на Карибите, а потоа јахтите се преселуваат во Европа за медитеранската сезона, која обично трае од мај до септември“, вели Крис Џефрис од списанието Superyacht.

Неколку јахти поврзани со санкционираните Руси веќе се запленети од властите во Франција, Италија и Шпанија:

  • Sailing Yacht A, запленета во Трст, Италија (поврзана со Андреј Мелниченко)
  • Lena, запленета во Сан Ремо, Италија (поврзана со Генадиј Тимченко)
  • Lady M, запленета во Империјата, Италија (поврзана со Алексеј Мордашов)
  • Amore Vero, запленет во Ла Сиота, Франција (поврзан со рускиот олигарх Игор Сечин)
  • Valerie, запленета во близина на Барселона, Шпанија (поврзана со Сергеј Чеменов)
  • Crescent, запленета во Тарагона, Шпанија
  • Lady Anastasia, запленета во Порт Адријано, Шпанија (поврзана со Александар Михеев)
  • Axioma, запленета во Гибралтар (поврзана со Дмитријевич Пумпјански)

Статусот на една од најголемите суперјахти во светот, по име Dilbar, се уште е нејасен - поврзан со санкционираниот руски бизнисмен Алишер Усманов.

Има извештаи дека била запленета додека била закотвена во Хамбург.

Но, локалните власти ни рекоа дека тоа не е така и дека уште е таму за тековни поправки.

Што е со јахтите кои не се санкционирани?

Lloyds List анализираше повеќе од 40 суперјахти кои биле поврзани со богати Руси.

Многу од нив не се санкционирани, а има цели кластери од нив (означени со сино) кои уште се во Медитеранот.

Но, тие веќе наидоа на ладен прием во некои пристаништа.

Членовите на екипажот беа бојкотирани во Монако, според Де Вали, кога некои изведувачи одбија да ги вршат услугите за одржување поради страв дека нивната исплата може да биде попречена од ЕУ.

Капетанот на суперјахта рече: „Целосно ни е прекината кредитната линија, што многу ни ја отежнува работата“.

Истражувачки новинари на BBC: Џејк Хортон, Џошуа Читам, Кумар Малхотра и Ерван Риво

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета на во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета на во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87%, а на парламентарните 13,69%

Читај повеќе

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Читај повеќе

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Читај повеќе

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе