ЛШ: Роналдо погоди против Ајакс, Барселона обезбеди гостинска победа

Кристијано Роналдо не му прости ниту на Ајакс – тој беше стрелец на првиот гол на натпреварот и му донесе на Јувентус многу важен гостински погодок во пресрет на реваншот, кој се игра во Торино.

Иако не победи, сепак тимот на Ајакс воопшто не треба да се срами од својата синоќешна претстава. Одличната игра на младите играчи во тимот за малку ќе им донесеше победа, но за жал Јувентус во своите редови го имаше Роналдо.

Во составот на Ајакс има неколку млади играчи кои изгледаат како првокласни таленти, а синоќа публиката беше импресионирана од Френки де Јонг, кој беше буквално насекаде низ теренот. Желбата на фудбалерите на холандскиот клуб беше преголема и не им дозволи да загубат, иако по првото полувреме губеа со 1:0 благодарение на голот на Кристијано Роналдо.

Роналдо го постигна неговиот 24-ти гол во четвртфиналињата од Лигата на шампионите, со што има повеќе голови во оваа фаза на натпреварувањето од Лионел Меси и Раул Гонзалес заедно – тие заедно имаат 20 гола.

Сепак, второто полувреме донесе поголема неизвесност, а Ајакс целосно се врати во натпреварот. Недостатокот од концентрација кај одбраната на Јувентус резултираше во отворен простор за Давид Нерес, кој ја затресе противничката мрежа и му донесе израмнување на неговиот тим. Тоа беше и конечниот резултат.

Во вториот натпревар од вечерта, Барселона на гостински терен го совлада тимот на Манчестер Јунајтед со 1:0. Лионел Меси беше невообичаено тивок, а единствениот гол на натпреварот му беше припишан на Лук Шо, кој ја сврте топката кон голот по ударот со глава на Луис Суарез.

Реваншите на овие натпревари се на програмата веќе следната недела, на 16 април.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе