УЕФА ги извлече полуфиналните двојки во Лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона.
Ланските финалисти, мадридските ривали, Реал и Атлетико, оваа година ќе играат меѓу себе во полуфиналето.
Втората полуфинална двојка ја формираа Монако и италијанскиот шампион Јувентус.
Полуфиналните средби на програмата се на 2 и 3 мај, а реваншите се на 9 и 10 мај. Финалето ќе се одигра во Кардиф.