Мајли Сајрус ја покажа својата нова боја на коса со објава на Instagram во која му честита на новиот креативен директор на Gucci, изненадувајќи ги нејзините обожаватели со оглед на тоа дека темни прамени имаше пред повеќе од 10 години.

Заменувајќи ги русокосите прамени по кои стана позната во последната деценија, 30-годишната Сајрус ја покажа својата коса обоена во темнокафена нијанса во објава во која му честиташе на Сабат Де Сарно за неговата деби колекција на Gucci.
Пејачката сподели три фотографии на Instagram на кои позира во црно палто додека држи една од иконските чанти од модната куќа Horsebit.
Во описот на објавата, ѕвездата му честиташе на Де Сарно - кој стана креативен директор на Gucci во јануари, превземајќи ја функцијата од Алесандро Микеле - на неговата деби колекција на модните писти, која ја претстави во петокот за време на модната недела во Милано.
„Честитки за вашето прекрасно деби шоу како креативен директор на Gucci. Вашето неверојатно срце беше прикажано во секој шев“, напиша Сајрус, „Те сакам и сум многу горда“.
Пејачката се пошегува и додаде „Сега дај ми сѐ“.
Сепак, промената во изгледот го привлече вниманието на нејзините обожаватели, кои се потсетија на почетокот на нејзината кариера, а некои се прашуваат дали истовремено најави нова музика или нови проекти.
Таа носеше русокоси прамени на насловната страница на нејзиниот последен албум „Bendless Summer Vacation“, па обожавателите се запрашаа дали новата коса навестува и „нова ера“.