МакеДокс ќе промовира ВОД-платформа на Берлинскиот филмски фестивал

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во склоп на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, на 18 февруари ќе ја промовира новата ВОД-платформа - doc-around-europe.net. Платформата ќе има за цел на европската публика во наредните две години да ѝ понуди можност да погледне повеќе од 70 документарни филмови од автори во подем.

Платформата претставува една од активностите на мрежата на фестивали Doc Around Europe, чиј основач е МакеДокс заедно со Docs Barcelona (Шпанија), FIPADOC (Биариц, Франција), DOK.fest Munich (Германија) и Verzio (Будимпешта, Унгарија). Како фестивал кој доаѓа од земја со низок аудиовизуелен капацитет, МакеДокс има за цел да го промовира балканскиот документарен филм преку активностите на мрежата.

Мрежата своите активности ги започна во 2020 година и има за цел да ги промовира младите автори и авторите во подем. Во досегашните активности на мрежата беа опфатени повеќе од 80 филмови и нивните автори, автори и продуценти со проекти во развој, како и други млади професионалци од областа на документарниот филм.

Платформата има за цел да промовира висококвалитетни европски документарци кои ќе допрат до пошироката публика и ќе го зајакне нивното присуство на интернационалните маркети.

Освен тоа што ВОД-платформата ќе биде отворена за публиката ширум Европа, во нејзин склоп ќе биде креиран посебен дел наменет само за професионалци од филмската индустрија во Европа. Во овој дел, кој ќе има ограничен пристап зa индустријата, ќе бидат поставени дополнителни 100 документарни филмови од автори во подем и млади автори, кои ќе бидат понудени на дистрибутери, фестивалски селектори, ТВ и ВОД-платформи. Со ова мрежата ќе им се овозможи на самите таленти/филмови поголема достапност кон документарната индустрија, поголема видливост и зголемување на можностите за создавање и допирање до нова публика надвор од нивните национални територии на ниво на европскиот континент и пошироко.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе