Македонија - Италија: Сите досегашни дуели

Филип Здравески
/ 09.09.2023 / 13:07

Во досегашната историја вечерашниот дуел помеѓу Македонија и Италија ќе биде само четврти. Скорот засега е израмнет: по една победа за двете репрезентации и едно реми.

Пресметките на Македонија и Италија започнаа кога двете репрезентации беа извлечени во иста група во квалификациите за Мундијалот 2018 во Русија.

Првиот дуел се одигра во Скопје на 9 октомври 2016 година, а Италија славеше со 3:2 во натпревар со два пресврта и победнички гол во судиското надополнување. „Аѕурите“ тогаш поведоа преку Андреа Белоти во 24. минута, а Македонија за само три минути во 57. и 59. минута со головите на Илија Несторовски и Ферхан Хасани направи комплетен пресврт. Следуваше нов пресврт, овој пат во режија на Италија и тоа со двата гола на денешниот капитен Чиро Имобиле во 75-тата и 2. минута од надополнувањето.

Remote video URL

Од тој натпревар денес во составот на Македонија се само Езѓан Алиоски и Илија Несторовски, а кај Италија се Чиро Имобиле, Матео Дармјан и Џиџи Донарума, но последниве двајца тогаш не заиграа.

Втората пресметка беше во Торино на 6 октомври 2017 година во рамките на истите квалификации. Италија поведе со голот на Џорџо Кјелини во 40. минута, а Македонија се избори за реми благодарение на погодокот на Александар Трајковски во 77. минута.

Remote video URL

Од тој натпревар денес во комбинација за Македонија се Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Дарко Велковски, Енис Барди, Илија Несторовски, Ѓоко Зајков, Александар Трајковски, како и тогаш резервите Љупчо Дориев и Дамјан Шишковски. Кај „Аѕурите“ од тој дуел денес во Скопје се Матео Дармјан, Чиро Имобиле и Брајан Кристанте, како и Леонардо Спинацола, Џиџи Донарума и Николò Барела кои тогаш не добија шанса од клупата.

На овие два натпревара на клупата на Мкаедонија седеше Игор Ангеловски, додека на италијанската беше Џан Пјеро Вентура.

Последната пресметка се одигра на 24 март 2022 година во Палермо и беше полуфинален бараж натпревар за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Македонија оствари шокантна победа од 1:0 со гол на Александар Трајковски во 92. минута, односно во судиското надополнување.

Remote video URL

Кај „Аѕутите“ од тој за нив кобен дуел денес во игра се Џиџи Донарума, Џанлука Манчини, Алесандро Бастони, Николò Барела, Чиро Имобиле и Сандро Тонали, како и Брајан Кристанте, Матео Песина и Матео Политано од оние што останаа на клупата. Тогаш Италија ја водеше Роберто Манчини.

Во составот на Македонија денес се Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Александар Трајковски, Енис Барди, Дарко Велковски, Милан Ристовски, Аријан Адеми, Стефан Ашковски и Бојан Миовски, како и Давид Бабунски, Никола Серафимов, Дориан Бабунски, Јани Атанасов и Дамјан Шишковски кои тогаш беа на клупата. Македонија тогаш ја водеше истиот селектор како и денес, Благоја Милевски.

Скор:
Победи Италија: 1
Нерешени: 1
Победи Македонија: 1
Гол-разлика: 4:4

Листа на стрелци:
2 - Александар Трајковски
2 - Чиро Имобиле
1 - Андреа Белоти
1 - Илија Несторовски
1 - Ферхан Хасани
1 - Џорџо Кјелини

Најмногу одиграни меѓусебни натпревари:
3 - Езѓан Алиоски
3 - Чиро Имобиле

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе