Македонскиот пасош на 31. место на листата најмоќни патни исправи во светот

Македонскиот пасош е рангиран на 31. место на листата на Глобалниот индекс на најмоќни пасоши на „Артон Капитал“ за 2021 година, изработена врз основа на тоа во колку држави со нив може да се патува без виза.

Според оваа класификација, која опфаќа 193 држави и шест територии и се однесува за првиот квартал од 2021 година, со пасошот на Северна Македонија може слободно да се патува во 108 земји ширум светот, од кои во 66 без виза.

На врвот на листата е пасошот на Обединети Арапски Емирати, со кој слободно може да се патува во 152 држави, од кои во 98 без визи, во 54 земји со визи при пристигнување, а во 46 земји со преходно обезбедување виза.

Втора на ранг листата е патната исправа на Нов Зеланд со можност за слободно патување во 146 држави, од кои без визи во 98 земји. Третото место го делат Германија, Финска, Австрија, Луксембург, Шпанија, Италија, Швајцарија, Австралија и Јужна Кореја, чии државјани може да патуваат во 144 држави.

 

На листата на глобално ниво за постигнување на највисока оценка за мобилност, на четврто место се Шведска, Холандија, Данска, Белгија, Португалија и Ирска со можност за патување во 143 земји, а петтото место го делат Франција, Малта, Чешка, Грција, Полска, Унгарија, Велика Британија, Канада и САД, со чии пасоши може да се патува во 142 земји.

Северна Македонија го дели 31. место со Тринидад и Тобаго. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Грција (влез во 142 држави/во 104 без виза), пред Словенија на шестото место (влез во 141 држава/безвизен режим со 103 држави). Следи Хрватска на деветто место со влез во 137 држави и безвизен режим со 99 земји, на десетто место со влез во 136 држави се Романија (безвизен режим со 99 земји) и Бугарија (безвизен режим со 97 држава), а Србија е 29-та со влез во 111 држави и безвизен режим со 71 држава.

По нас на ранг листата се Црна Гора (37-ма со влез во 102 држави, безвизен режим со 62 земји), Босна и Херцеговина (38-ма со влез во 101 држава, безвизен режим со 62 држави), Албанија (39-та со влез во 100 држави/безвизен режим со 60 земји), и Косово (81-ва со влез во 48 земји/безвизен режим со 14 земји).

Последен на листата, како 93-ти, е пасошот на Авганистан со кој може да се патува без виза во само четири држави, а визи на Авганистанците им се потребни за влез во 166 држави.

Рангирањето се заснова на слобода на движење и патување без визи до носителите на пасоши. Јачината на пасошот не го претставува само идентитетот на граѓанинот, туку и важен фактор што влијае на неговиот пристап до глобалните можности, леснотијата на движење и квалитетот на животот. Рангирањето е сменето откако аранжманите без визи станаа ништовни меѓу земјите по избувнувањето на пандемијата. Со цел да се спречи пандемијата, многу земји воведоа ограничувања за патување во држави каде дневните случаи на COVID-19 се високи.

Европа, се посочува, продолжува да владее на врвот на најмоќните пасоши во светот, иако таму има интересно поместување во рангирањето.

– Светската оценка за отвореност е клучната мерка за да се прикаже дали владите се подготвени за повторно отворање на границите, и со само 1,7 отсто зголемување за четири месеци, се чини дека довербата за враќање на отворените граници, допрва треба да се постигне. Дали ова ќе му овозможи на светот дополнително да ги имплементира протоколите за безбедност и патувањето да го направи поодговорно или дали тоа значи дека патувањето ќе мора да се промени целосно преку воведување пасоши за вакцини и биометриски скенирања. Едно е сигурно, додека светот е во мирување, глобалната мобилност претрпува темелна трансформација, стои во Извештајот. 

реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе