Мамо, дали е ова моето уво?
Еден сопственик на берберница во Флорида, САД со помош на лажна крв и гумено уво успеа да увери млад муштерија дека му е исечено увото во текот на потстрижувањето.
„Немој да ѝ кажеш на мајка ти“, вели берберот додека момчето испаничено гледа што се случува. Најстрашниот момент од суровата шега е кога на под ќе падне лажното уво, а момчето прашува дали е тоа неговото уво. Всушност, целата шега е само освета на берберот со која му враќа на претходната непријатност што момчето ја подготвило за него.