Манчестер Јунајтед го сака Нејмар, преговорите се почнати

ПСЖ и Манчестер Јунајтед почнаа преговори за трансфер на Нејмар (31), објави L'Equipe.

Бразилецот, кого парижаните го платија рекордни 222 милиони евра за да го доведат од Барселона во 2017 година, размислува за промена на клубот иако неговиот актуелен договор е до летото 2027 година. ПСЖ е подготвен да се ослободи од Нејмар, а ќе остане и без Лионел Меси, кој најави заминување.

L'Equipe тврди дека за Нејмар се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, но досега најмногу напредувале преговорите со клубот од Манчестер. Покрај Јунајтед, претходно се споменуваше и интересот на Челси и Њукасл.

URL

Да потсетиме, кога беше во Барселона, Нејмар го пофали англискиот фудбал и рече дека им се восхитува на Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул.

Се очекува нова средба

Јунајтед е на четвртото место во Премиер лигата и му треба еден бод во последните два натпревари за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Со овој мотив, L'Equipe тврди дека Касемиро (31) се обидува да го убеди својот сонародник да дојде во Јунајтед, каде би играле заедно како во репрезентацијата на Бразил.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе Нејмар на позајмица, додека ПСЖ сака да го продаде. Се очекува средба меѓу претставниците на Нејмар и спортскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос, кој ја извршува функцијата спортски директор. L'Equipe заклучува дека Челси го следи развојот на ситуацијата, но голем проблем е што не се пласираа во Лигата на шампионите во една разочарувачка сезона.

Нејмар кариерата ја започна во бразилски Сантос. Барселона го доведе во 2013 година за 88 милиони евра и таму беше дел од фантастичното напаѓачко трио со Меси и Луис Суарес со кои освои сè. Откако дојде во ПСЖ, постигна 118 гола и асистираше на 77 од нив на 173 натпревари. Transfermarkt го цени на 70 милиони евра.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе