Мартинијан Кириловски победник на Макфест 2019

Штип, 13 октомври 2019 (МИА) – Победник на 34. Фестивал на забавни мелодии Макфест 2019 е Мартинијан Кириловски, кој ја изведе песната „Сто пати на ден“.

Второто место е за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната „Уште ми фалиш“, а трето место е за познатата група „Фрајле“, кои на македонски ја интерпретираа песната „Не ѝ признавај“.

Наградата за најдобра интерпретација отиде кај Росана Сариќ-Тодоровска со песната „Спомени“, наградата за најдобар дебитант ја доби Славица Ангелова со изведбата на песната „Љубовта не боли“.

Мартија Станојковиќ која имаше комплетен настап на сцената ја освои наградата за најдобар сценски настап со изведба на песната „Возбуда и љубов“, и наградата за најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасов за песната „Кој те учи така“.

Техничкиот директор на Макфест, Кирил Панајотов, за МИА вели дека е задоволен од 34-тото издание на фестивалот, од самата сцена, преносот на фестивалот и комплетно од она што се случуваше на сцената.

Во преполната сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип синоќа на финалната вечер се слушнаа 20 композиции, додека своја шоу програма имаше Тамара Тодевска. Публиката уживаше во нејзините интерпретации, а на секоја песна имаше долги аплаузи.

Организатор на Макфест и оваа година е Општина Штип со финансиска поддршка на Министерството за култура.

реклама

La Casa de Papel добива петта и шеста сезона

Read more

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на РСМ во НАТО

Read more

Нови 52 случаи на COVID-19, се очекува прес-конференција на Филипче

Read more

Бегство од Дубаи: Каде се исчезнатите принцези?

Read more

МК сцена

Откажан концертот на „Placebo“ во Скопје

Read more

Прв трејлер за проектот „Тој и Таа“ на велешкиот театар

Read more

Водителот Драган Вучиќ почина од компликации од COVID-19

Read more
Денеска дури 7 концерти на #КултураВоВремеНаКорона

Денеска дури 7 концерти на #Култура ВоВремеНаКорона

Read more

Сцена

Се снима српска верзија на серијата „Two and a Half Men“

Читај повеќе
  • play_arrow

Ако сте фан на „Stranger Things“, погледете ги и овие серии на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

La Casa de Papel добива петта и шеста сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Сѐ што е погрешно со „Rush Hour“

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за серијата „Friends“

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова беа најгледаните серии на Netflix за време на карантинот

Читај повеќе
  • filter

Погледнете како изгледа снимањето на филмот „Avatar 2“

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Birds of Prey“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Friends“ најпопуларна серија во карантин

Читај повеќе