Маск: Ако ЕУ воведе санкции за Такер Карлсон, тоа би било навреда за американската јавност

Макфакс
/ 08.02.2024 / 08:55

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека воведувањето санкции на Европската Унија против Такер Карлсон би било навреда за американската јавност.

„Можеме да се согласиме или не со Такер, но тој е одличен американски новинар и таквата постапка во голема мера би ја навредила американската јавност“, изјави Маск на социјалната мрежа Х, реагирајќи на пишувањето на одредени медиуми дека ЕУ може да воведе санкции за Карлсон за интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ако тоа е вистина, тоа би било навистина вознемирувачко“, додаде Маск.

Магазинот Newsweek објави претходно, повикувајќи се на изјавите на поранешните и сегашните пратеници во Европскиот парламент, дека ЕУ може да воведе санкции за Карлсон.

Поранешниот белгиски премиер и европратеник Ги Верхофстат, кој ја повика ЕУ да ја истражи можноста за воведување „забрана за патување“ за Карлсон, го опиша новинарот како „портпарол“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Бидејќи Путин е воен злосторник, а Европската Унија ги санкционира сите што му помагаат во тоа, се чини логично дека и Службата за надворешни работи треба да го истражи случајот на Карлсон“, рече Верхофстат. Поранешниот шпански европратеник Луис Гарикано изјави дека се согласува со Верхофстат.

„Карлсон повеќе не е новинар, туку пропагандист на најгрозоморниот режим на европско тло и оној кој е најопасен за мирот и безбедноста на Европа“, рече Гарикано. Пратеникот на Европскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Естонија, Урмас Пает, изјави дека Путин е „претседател на земја која е агресор, обвинета за геноцид и воени злосторства“.

„Карлсон сака да му даде платформа на некој обвинет за геноцид. Тоа е погрешно. Ако Путин има нешто да каже, тоа мора да го каже пред Меѓународниот кривичен суд“, рече Пает.

Тој додаде дека Карлсон „не е вистински новинар бидејќи јасно ги изразил своите симпатии кон рускиот режим и Путин и постојано ја омаловажува Украина, жртва на руската агресија“.

„Значи, за ваква пропаганда на криминален режим можете да завршите на листата на санкции. Ова пред сѐ, се однесува на забраната за патување во земјите на ЕУ“, рече Пает. Карлсон засега не објави ништо за ова.

Тој вчера потврди дека дошол во Москва на планирано интервју со Путин, велејќи дека тоа го прави бидејќи тоа е работа на новинар.

„Ние се занимаваме со новинарство. Наша должност е да ги информираме луѓето“, рече Карлсон во видеото објавено на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека војната во Украина е „човечка катастрофа“ во која загина цела генерација Украинци, но дека, според него, повеќето Американци не се доволно информирани за овој конфликт.

Американскиот новинар истакна дека Вашингтон двапати се обидел да го саботира интервјуто, што Белата куќа го демантираше. Истовремено, тој изјави дека сопственикот на социјалната мрежа Х, Илон Маск ветил дека нема да го блокира разговорот со Путин кога ќе биде објавен на таа платформа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе