Ме врти колено: Како влијае времето на болката во зглобовите?

Дали честите промени на времето може да влијаат врз болката во зглобовите, поточно кај луѓето кои боледуваат од артритис?

Многу луѓе тврдат дека чувствуваат промени, дека ќе врне дожд или дека „ќе се расипе времето“ кога ги врти колено или чувствуваат не само болка, туку и вкочанетост на зглобовите, но тоа не е правило што важи за сите.

Прашање е, ако времето навистина влијае, кое време е најдобро за луѓето кои имаат проблеми со зглобовите?

Во едно истражување од 2004 година тема на ипитување било влијанието на атмосферскиот притисок на артритисот и авторите заклучиле дека пациентите со остеоартритис имаат посилни болки во зглобовите кога притисокот е низок, а пациентите со ревматски артритис имале поголеми болки кога температурата била пониска.

Друго истражување објавено во списанието Journal of Reumatology исто така од 2004 година, покажало дека високата влажност на воздухот не е добра за артритисот.

Истражување објавено во истото списание во 2015 година го опфатило прашањето дали дневните временски услови во рок од три дена и промената на тие временски услови влијаат врз болката во зглобовите кај постари луѓе. Резултатите сугерираат дека нема причинко-последична врска меѓу болката во зглобовите и варијаблите на временските услови од ден за ден.

Од друга страна, истражување споведено во Аргентина врз пациенти со остеоартритис, ревматски артритис и фибромијалгија, но и на луѓе без вакви проблеми, покажало дека болните чувствувале посилни болки во деновите со пониска температура, а на здравите луѓе временските услови не влијаеле.

Кај оние со ревматски артритис влијаеле влажноста и високиот притисок, а кај оние со остеоартритис влијаела високата влажност на воздухот.

Пациентите со фибромијалгија имале проблеми во деновите со висок атмосферски притисок, меѓутоа болките не биле толку јаки за да може да се каже дека болките се предвесник за промена на времето.

Тагови
реклама

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе