Медицинска сестра е првата жртва од COVID-19 меѓу медицинскиот персонал во Охрид

Со вклучени сирени и ротациски светла на амбулантните возила за итна медицинска помош на Здравствениот дом од Охрид и од Општата болница вчера вработените во здравствените установи од градот ѝ оддадоа последна почит на првата жртва на коронавирусот од нивните редови.

Медицинската сестра Дијана Димоска е првата жртва на COVID-19 меѓу вработените во здравствените институции во градот.

Педесетгодишната Димоска беше работно ангажирана во Интерното одделение на болницата во Охрид.

Таа им подлегна на компликациите предизвикани од коронавирусот и пред два дена беше погребана на Градските гробишта во Охрид.

Нови 112 случаи на заразени со коронавирус од 1.372 тестирања и 159 оздравени, е билансот од претходното деноноќие, според статистиката на Министерството за здравство.

Министерството за здравство вчера информираше дека во болнички услови починале осум пациенти од 53 до 82-годишна возраст. Почина 73-годишен пациент од Тетово, 58-годишен од Струмица, еден од Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74 г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82 г).

Од новодијагностицираните и вчера најмногу беа во: Скопје-46, потоа во Куманово и Битола се по 7, Штип-1, Струга-6, следат Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 69 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на COVID-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 169, позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во Скопје најмногу активни случаи има во Аеродром – 102, потоа Центар – 98, Карпош – 88, Кисела Вода – 84, Гази Баба – 79, Чаир – 57, Ѓорче Петров – 52, Илинден – 29, Бутел – 26, Шуто Оризари – 17, Сарај – 12, Арачиново – 7, Студеничани – 6, Петровец – 6, Чучер Сандево – 5, Сопиште – 3, Зелениково – 2, странци – 7, нераспределени-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје активни 683, Куманово-180, Тетово-159, Струмица-154, Прилеп-126, Гостивар-89, Кочани-152, Битола-62, Делчево-78. Во другите градови таа бројка е под 50.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе