Медведев како Баба Ванѓа: ЕУ ќе се распадне во 2023

Поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги претстави своите предвидувања за следната година.

„Во новогодишната ноќ сите се занимаваат со предвидувања. Многумина излегуваат со футуристички хипотези, како да се натпреваруваат да го одберат најлудото, дури и најапсурдното. Еве го нашиот скромен придонес“, напиша Медведев на својот Twitter профил.

„Распад на ЕУ“

Тој ги направи следните десет предвидувања за 2023 година:

„1. Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри

2. Враќање на Обединетото Кралство во ЕУ

3. Распад на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинувањето на еврото како валута на поранешната Европска Унија.

4. Окупација на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија

5. Создавање на Четвртиот Рајх врз темелите на Германија и сателитите кои ѝ се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници)

6. Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх. Поделба на Европа, вклучително и нова поделба на Полска.

„Граѓанска војна во САД“

7. Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучување кон Република Ирска.

8. Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузни држави Тексас и Мексико. Последователна победа на Илон Маск на претседателските избори во САД во некои од државите кои по граѓанската војна ќе им припаднат на републиканците.

9. Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија.

10. Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светска банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути“.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе