Медведев: Украинците или ќе ја изберат Русија или ќе умрат

Поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев изјави дека секогаш ќе има шанса за нов конфликт меѓу Русија и Украина, дури и по завршувањето на сегашната војна.

Во последно време тој често се појавува на Telegram со доста жестоки изјави, од закани со нуклеарно оружје до закани кон САД или земјите од ЕУ. Овојпат отиде чекор понатаму и ја нарече Украина „канцерогена држава“, а на нејзините жители им порача дека или ќе ја изберат Русија или ќе умрат.

„Постоењето на независна држава на историски руски територии ќе биде трајна причина за продолжување на борбените операции. Без разлика кој е на чело на канцерогената креација наречена Украина, тоа нема да има влијание врз легитимноста и правната одржливост на самата ‘држава’. Затоа, веројатноста за нов конфликт ќе трае бесконечно. Речиси секогаш. Згора на тоа, постои 100% шанса за нов конфликт, без оглед на тоа какви договори потпишува Западот со марионетскиот режим во Киев“, рече Медведев, според Newsweek, додавајќи дека заканата од идна војна нема да заврши дури и ако Украина влезе во Европската Унија или НАТО.

Тој смета дека Украинците се практичен народ кој ќе разбере дека постоењето на украинска државност е погубно за нив.

„Кога се соочуваат со избор меѓу вечна војна и неизбежна смрт и живот, огромното мнозинство Украинци, со исклучок на минималниот број премрзнати националисти, на крајот избираат живот“, рече тој, истакнувајќи дека тие би го избрале тој живот без оглед на потенцијално да биде дел од „поголемата верзија на Русија“.

Тој не застана на тие изјави во кои ги омаловажува Украинците.

„Ќе сфатат дека животот во голема заедничка држава, која сега не им се допаѓа, е подобар од смртта. Нивната смрт и смртта на нивните најблиски. Колку побрзо Украинците го сфатат тоа, толку подобро“.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека не само што нема да ѝ се предаде на Русија, туку нема да се согласи на мировни преговори кои вклучуваат дозволување на Русија да задржи кој било дел од украинската територија.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе