Објавен е нов трејлер за филмот „Blood Father“, во кој главната улога ја толкува познатиот актер и режисер, Мел Гибсон. Премиерата е закажана за 12 август.
Мел Гибсон се појавува во улогата на Џон Линк, поранешен осуденик кој мора да ја заштити својата ќерка од насилни дилери на дрога. Останатите улоги во овој акционен трилер ги толкуваат Вилијам Х. Мејси, Томас Ман, Елизабет Ром, Диего Луна и други.
Сценариото е напишано од Питер Крег, во режија на францускиот режисер Жан Франсоа Рише.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=YR5O562cn0c]