Mercedes го покажа Maybach G650 Landaulet

Mercedes ги објави фотографиите и техничките детали од најнеобичниот модел досега кој некогаш ја носел ознаката Maybach.

Без разлика дали станува збор за посебна автомобилска марка или новиот суперлуксузен подбренд на Mercedes, името Maybach секогаш се поврзува со луксузни лимузини.

Овој пат, Mercedes во едно возило ги спои луксузот карактеристичен за Maybach и теренските можности на G класата. И тоа не било која G класа, туку нејзината екстремна офроуд верзија со зголемено растојание од тлото и масивни тркала.

Maybach G650 Landaulet има отворен заден дел, па привилегираните патници кои седат позади можат да уживаат како да се возат во кабриолет. Овој дел од кабината по потреба може да се прекрие со платнен кров, со што патниците се заштитени од временски (не)прилики, но и од љубопитни погледи.

Во споредба, со стандардната G класа, G650 Landaulet има продолжено меѓуосовинско растојание за 578 mm, а на местото на задната клупа се наоѓаат две седишта-фотелји со масажна функција позајмени од S класата.

Платнениот кров автоматски се спушта и подига со притискање на копче, а за дополнителан приватност тука е и стаклената преграда помеѓу предниот и задниот дел од кабината.

Сепак тоа што го издвојува G650 Landaulet од останатите Maybach модели до новата генерација се неговите извонредни теренски способности. Растојанието од тлото е дури 450 mm,  a автомобилот е поставен на 22 инчни тркала со димензии на гуми 325/55 R22.

За погонот е употребен истиот мотор кој го користи Mercedes-Maybach S650 Cabriolet - V12 битурбо со 630 КС и дури 1.000 Nm вртежен момент.

Mercedes-Maybach G650 Landaulet ќе ја има официјалната премиера на претстојниот саем во Женева, шо што ќе стигне во салоните.

Цената не е уште соопштена, а неофицијално се спомнува дека ќе биде поскап и од G63 кој чини 450.000 евра.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе