Меси е најплатен фудбалер, Симеоне заработува најмногу од сите тренери

Многу често слушаме како најплатените фудбалери во светот заработуваат далеку повеќе отколку што заслужуваат, но контра-аргументот вели дека тие се најдобрите во своето поле и со право заработуваат мултимилионски суми секоја година. Како и секоја година, France Football направи листа на најплатените во светот на фудбалот.

На врвот на листата се најдоа Лионел Меси и Диего Симеоне, кои се најплатениот фудбалер и најплатениот тренер во светот.

Аргентинецот Лионел Меси годишно заработува 130 милиони, а веднаш зад него на листата се наоѓа неговиот некогашен ривал од Ла Лига, Кристијано Роналдо, кој има заработка од 113 милиони на годишно ниво. На третото место се наоѓа поранешниот соиграч на Меси, Бразилецот Нејмар, кој откако пристигна во ПСЖ годишно инкасира по 91,5 милиони евра.

Двете преостанати места во Топ 5 на листата на најплатени ги исполнуваат двајца играчи од Мадрид: Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Герет Бејл (Реал Мадрид), кои заработуваат 44,5 милиони, односно 40,2 милиони евра.

Помеѓу тренерите, најплатен е Диего Симеоне со заработка од 41,2 милиони евра на годишно ниво. На второто место се наоѓа Жозе Мурињо, кој минатата година (пред да биде отпуштен) во Манчестер Јунајтед заработи 31 милиони евра.

Изненадувањето доаѓа дури на третото место, каде се најде Тјери Анри, кој имаше неуспешна кратка кариера како тренер на Монако, но успеа да заработи 25,5 милиони евра. Четвртопласиран е Пеп Гвардиола (24,1 милиони), а елитната петорка ја надополнува Ернесто Валверде (Барселона), кој заработува 23 милиони евра годишно.

Во женскиот фудбал најплатена е норвешката фудбалерка Ада Хедерберг (Олимпик Лион), кој заработува 400.000 евра годишно, а нејзината колешка од истиот клуб, Амандине Анри, има годишна заработка од 360.000 евра.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе