КОНМЕБОЛ КОПА АМЕРИКА 2021

Меси го сруши рекордот за најмногу настапи кај Аргентина

Згора на тоа постигна и два гола и на „Албиселесте“ им донесе прво место во групата на Копа Америка.

Лионел Меси сега е играчот кој го држи рекордот за најмногу настапи во дресот со националните бои на Аргентина. Ноќеска јужноамериканскиот гигант играше против Боливија во рамките на последното коло од групната фаза на 47. издание на Копа Америка и победи со 4:1 со што го завери првото место.

Меси како капитен ги предводеше Аргентинците запишувајќи го својот настап број 148 со што сега е сам на врвот на вечната листа надминувајќи го пензионираниот Хавиер Масчерано кој има 147 настапи. Трет на оваа листа е легендата Хавиер Занети со 143 натпревари.

URL

Да биде рекордот соодветно прославен се погрижи самиот Меси. Уште во 6. минута му асистираше на Папу Гомес за водство, а потоа во 33. и 42. минута на двапати се запиша во листата на стрелци зголемувајќи на 3:0.

Боливијците по точно еден час игра намалија на 3:1 преку Ервин Сааведра, а Лаутаро Мартинес во 65. минута ги постави конечните 4:1. Меси го одигра целиот натпревар кој се одгра на „Пантанал“ стадионот во бразилскиот град Кујаба. Нажалост на рекордот на Меси не присуствуваа гледачи бидејќи Копа Америка се игра без публика поради ситуацијата со коронавирусот во Јужна Америка.

Remote video URL

Во другиот натпревар од групата А Уругвај благодарение на погодокот на Единсон Кавани од пенал во 21. минута го совлада Парагвај минимално и заврши на 2. место.

Претходно се комплетираше групата Б каде домаќинот Бразил заврши на првото место со ист скор како Аргентина, односно 3 победи и 1 нерешена.

Четвртфиналните возбудувања ќе се играат од петок до недела, а се среќаваат:

Гојанија, петок, 23:00 ч.
Перу - Парагвај
Рио де Жанеиро, сабота, 2:00 ч.
Бразил - Чиле
Бразилија, недела, 0:00 ч.
Уругвај - Колумбија
Гојанија, недела, 3:00 ч.
Аргентина - Еквадор


Копа Америка, исто како и Европското првенство, требаше да се одигра лани, но се одложи од добро познатите причини.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе