Меси на збогување му порачал на Мбапе каде да оди

Филип Здравески
/ 22.06.2023 / 14:41

Меси на Мбапе му порачал да одбере „вистински победнички проект“ и му навел два клуба каде го советува да замине.

Лионел Меси веќе си замина од ПСЖ откако потпиша за амбициозниот Интер Мајами. Збогувајќи се со Килјан Мбапе, со кого две години играше во нападот на ПСЖ, му дал совет каде да ја продолжи кариерата, пренесуваат шпанските медиуми.

„Јас би сакал да одиш во Барса“, му рекол Меси, а потоа додал: „Но, ако сакаш да одиш во Мадрид, оди, заслужуваш вистински победнички проект“.

За Мбапе се крена голема прашина уште кога ПСЖ повторно разочарувачки рано испадна од Лигата на шампионите. Јасно е дека Мбапе самиот преферира трансфер во Реал Мадрид, а и од кралскиот клуб имаат потврдено дека се заинтересирани за него. Но, 24-годишниот Французин, од татко Камерунец и мајка Алжирка, има договор со ПСЖ, а парискиот клуб нема намера да го пушти летово, туку напротив, сака долгорочно да го задржи.

Договорот на Мбапе со „Светците“ истекува во јуни 2024 година, а има опција тој да биде продолжен за уште една сезона. Сепак, тешко е за верување дека Мбапе ќе ја активира таа опција бидејќи и тој е премногу разочаран од неуспесите на клубот во европски рамки.

Проблем за негово заминување летово не е само управата на ПСЖ, која не сака да чуе за негова продажба, туку и баснословната цена што заинтересираниуот клуб треба да ја плати. Неговата моментална вредност на Transfermarkt е 180 милиони евра, а ПСЖ за да ги избрка заинтересираните спомнува цена над 200 милиони. Има само два клуба што можат да платат таква отштета, а тоа се Манчестер Сити и Реал Мадрид.

„Граѓаните“ го имаат Холанд и немаат намера да тргнат по Мбапе. Неодамна Пеп Гуардиола изјави и дека нема логика да испратат понуда затоа што играчот „сака да оди во Реал“.

Останува само Реал Мадрид, но не летово, туку наредното. „Кралевите“ веќе потрошија 103 милиони евра на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, па сигурно нема да се впуштат во нова, двојно повисока потрошувачка. Би било беспотребно кога наредното лето Мбапе ќе биде слободен играч...

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе