Меси одбил астрономска понуда од Манчестер Сити

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на Барселона одбил астрономска понуда од Манчестер Сити, откриваат новинарите на шпанскиот лист „Марка“.

Според пишувањето на реномираниот мадридски магазин, Аргентинецот од граѓаните одбил 100 милиони евра бонус за потпис, како и годишна плата од 50 милиони нето, но не е откриено дали станува збор за евра или фунти.

Шеикот Мансир бин Зајед Ал Нахјан, сопственик на клубот од „Етихад“, по секоја цена сакал да го доведе петкратниот освојувач на Златната топка и не барал изговори, туку понудата директно му ја испратил на претседателот на Барселона, Бартомеу.

„Марка“ пренесува дека изминатиов трансфер период бил клучен за доведување на Меси, како и тоа дека не било ниту важно каков е односот на тренерот Пеп со својот поранешен ученик, едноставно шеикот само посакувал да го види Меси во својот тим.

Понудата на „Граѓаните“ била толку голема што од „Камп Ноу“ знаеле дека ќе мораат да одговорат на сличен начин, за да го задржат човекот кој во повеќе наврати изјави дека сака да се пензионира во главниот град на Каталонија.

Тоа неколку пати во текот на летото беше потврдувано и демантирано, но тој конечно стави потпис на продолжување на соработката пред неколку дена.

Со овој договор Меси стана најплатениот играч на светот со годишна плата од 43.000.000 евра, со можност да пораснат на полни 50 милиони. Со ова го престигна некогашниот соиграч Нејмар, како и големиот ривал Кристијано Роналдо и во клубот ќе остане до 2021 година, кога ќе има 34 години.

Во меѓувреме, Бразилецот ја напушти Барселона и се пресели во Парис Сен Жермен во рекорден трансфер, доходот на Барса никогаш не беше поголем, но целокупната состојба остана иста.

Претседателот мораше да побара намалување на платите кај луѓето во клубот бидејќи од моментот кога беше официјализирано продолжувањето на договорот со Лео, Каталонците трошат приближно иста сума на пари како комплетното трио МСН (Меси – Суарез – Нејмар) , од првиот ден од нивниот заеднички престој на „Камп Ноу“.

Дури и самиот претседател на Барселона Бартомеу изјави дека многу платиле, кога е новиот договор на легендарниот Меси во прашање.

Сепак, за неговото значење во клубот не треба да се трошат зборови. Тој со една од најдоминантните екипи на сите времиња досега освои вкупно 30 титули, одигра 604 натпревари и постигна 524 погодоци, покрај тоа и пет пати ја освои Златната топка.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе