Фудбалерот на Барселона, Лео Меси овие денови снимаше нова реклама за Pepsi, а во неа изведе спектакуларен трик.
Видеото е објавено на Instagram и веќе има над 5 милиони лајкови.
Според тоа што може да се види, Аргентинецот успеа да изведе неверојатен трик со лажица, лед и топка која се одби од ѕидот и падна точно на задниот тел од лажицата, лансирајќи го во воздух ледот што Меси го фати во чаша.
Потоа во чашата му наточија Pepsi.
„Гледам дека е послужено прецизно“, напиша тој во описот на видеото, обидувајќи се да го објасни најновиот трик во снимањето на рекламата.