Меси во ПСЖ ќе игра со GOAT на ракавот

Од наредната сезона Лионел Меси на својот дрес ќе носи натпис GOAT откако ПСЖ потпиша нов договор за спонзорство.

GOAT е акроним за Greatest of all time, односно Најдобар на сите времиња, што се користи за спортистите кои оставиле траен белег во својот спорт.

Но, во случајот не се работи за тоа. Иако несомнено е дека Меси е GOAT, станува збор за онлајн платформата која продава патики, луксузна облека и разни додатоци и со која Пари Сен-Жермен потпиша неколкугодишен договор за спонзорство.

GOAT брои 30 милиони членови низ целиот свет, а сега ќе може да го прошири пазарот благодарение на рекламата која ќе ја добие со помош на ПСЖ и негобите ѕвезди, меѓу кои и една GOAT во буквална смисла на зборот.

Сите играчи на ПСЖ ќе носат GOAT на ракавот од својот дрес бидејќи станува збор за реклама на фирма, а не на акронимот за Greatest of all time, иако во случјајов тоа одлично се вклопува и станува игра на зборови.

„Презадоволни сме што можеме да му посакаме добредојде на GOAT во семејството на ПСЖ. Благодарение на ова партнерство, GOAT се вклучува во тесниот список на партнери на клубот за кои има место на нашиот дрес. GOAT е идеален партнер за нас. Го зајакнува нашето место како икона на овој спорт и се вклопува со фановите низ светот. Заедно ќе создадеме возбудливи и креативни искуства за да ги задоволиме фановите“, рече маркетинг директорот на клубот од Париз, Марк Армстронг.

URL

„ПСЖ е еден од највлијателните клубови во светот. Возбудени сме за партнерството со нив со цел понатамошно градење на нашата глобална заедница“, вели Еди Лу, коосновач и извршен директот на GOAT.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе