Мет Дејмон во пародија за United Airlines
Бескрајната јавна расправија меѓу Мет Дејмон и Џими Кимел зазеде нови размери.
Овојпат Дејмон беше поместен од лет на United Airlines додека снима реклама за истата авиокомпанија.
Пародичното видео алудира на постојаното поместување на гостувањето на Дејмон во шоуто на Џими Кимел, како и на фијаското на авиокомпанијата откако во неколку наврати насилно отстрани патници од свои летови.