Мицкоски ја откри реорганизацијата на министерствата, ќе се формираат и две нови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека поднесува предлог-закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа по скратена постапка.

„Врз основа на членот 71 став 1 од Уставот и врз основа на членовите 139, 144 и 175 од собранискиот Деловник поднесувам предлог-закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа по скратена постапка.

Имено, во членот 71 став 1 од Уставот, како и членовите 139 и 144 од Деловникот, е уредено дека право да предлага донесување закон има секој пратеник во Собранието, Владата и најмалку 10.000 избирачи. А, со членот 175 од Деловникот на Собранието е уредено дека предлагачот на предлог-законот може да  му предложи на Собранието да расправа по него по скратена постапка“, рече Мицкоски.

Тој ја побара поддршката од сите пратеници во македонскиот парламент, без исклучок на која политичка партија ѝ припаѓаат.

„Легитимитетот и легалитетот на ова барање го темелам на изборниот резултат пред неколку недели кога коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новата претседателка, професорката Гордана Силјановска-Давкова, освоија 436.000 гласа, односно 561.000 глас. Легитимитетот од страна на граѓаните е јасен, кредибилитетот и легалитетот е исто така јасен“, рече Мицкоски.

„Имено, со овој нов закон, кој веќе е доставен до архивата, се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број министерства во рамките на самата влада, и тоа ќе почнам со Министерството за економија и труд, кое практично ќе биде министерство што ќе ги опфаќа некои од ингеренциите на старото Министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаден сегментот труд за да може работодавците и работниците да бидат на едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму, така што Министерството за социјална политика и труд, кое беше досега, ќе биде сега Министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт, која постоеше досега, нема да постои и ќе имаме посебноМминистерство за спорт.

Исто така, некои од надлежностите што ги имаше досега Министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Некои од ингеренциите што ги имаше Министерството за економија, особено во делот на туризмот, сега ќе бидат присоединети во новото министерство – Министерство за култура и туризам.

Ќе имаме ново министерство, кое ќе има задача да спроведе еден многу важен проект, кој ќе ја зголеми транспарентноста, владеењето на правото, ќе го намали основаното сомневање за корупција во рамките на администрацијата, а тоа е новоформираното Министерство за дигитализација, кое во суштина ќе ги наследи обврските што ги имаше досегашното Министерство за информатичка технологија и администрација.

Ќе имаме исто така ново министерство, тоа е Министерство за администрација, така што мислам дека со ваква реорганизација ќе добиеме ефикасност, ќе добиеме осовременување на самата влада и ќе го добиеме, пред сè, она што го ветувавме за време на кампањата, а тоа е да ги подобриме животот и стандардот на сите граѓани во Македонија, без разлика на нивната политичка и партиска припадност“, изјави Мицкоски.

Remote video URL
реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе