Мицкоски татковината ќе продолжи да ја нарекува Македонија: Не очекувам талибански однос и цензурирање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој утре очекува од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го добие мандатот за состав на влада, го следи нејзиниот пример кога се работи за употреба на името на земјата. Најави дека татковината во изјавите ќе продолжи да ја нарекува Македонија, без придавката, која ќе ја има во институционалната комуникација. Претседателката Силјановска-Давкова на заклетвата во Собранието по изборот, земјата ја нарече Македонија, без придавката, но го потпиша документот во кој е целото име на државата во согласност со Преспанскиот договор.

Мицкоски смета дека хистеријата кај нашиот јужен сосед за употребата на името е резултат на нивната изборна кампања.

„Не очекувам талибански однос, цензурирање елементарно човеково право, а сè што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од нашиот правен систем и уставен поредок идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува, вклучително и решенијата за пратеници што ги добивме. Ги добивме со придавката содржана во нив. И предлог-законот, кој денеска го поднесувам, е со придавката вклучена во него. Но, мое човеково право загарантирано со многу конвенции е правото на слобода на изразување и говор. Јас не им се лутам на политичарите кога не го кажуваат целото и потполно име на својата држава, туку, едноставно, крајот или дел од тоа име. За мене, мојата татковина во секоја моја изјава е Македонија и ќе остане Македонија. Целокупната институционална комуникација, која е дел од законите и Уставот, ќе биде почитувана сè додека тие закони и Уставот се во сила, онакви какви што се“, рече Мицкоски.

Доколку на самитот во НАТО се отвори употребата на името како прашање, Мицкоски е подготвен да одговори. Вели дека е подготвен и за дебата за тоа кој колку реализирал од Преспанскиот договор.

„Мојата порака ќе биде дека јас би сакал да градам мостови на соработка, на пријателство со нашите соседи, вклучително и со нашиот јужен сосед, источен, северен, западен. Македонскиот народ и граѓаните се мирољубиви луѓе, мирољубив народ, гостопримлив. Така се однесувале, очекувам така да се однесуваат и нашите соседи. Да соработуваме и да негуваме добрососедски односи. Ниту имам намера талибански да се однесувам ниту очекувам во XXI век талибанско однесување од кој било политичар. Можеме не само таму, туку на кој било форум да отвориме дебата, па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор, иако не би сакал да го губам времето убедувајќи се со моите колеги кој колку реализирал. Би сакал да зборуваме за инвестиции, за подобар стандард, за развој, за рефроми…“, вели Мицкоски.

За однесување во пријателски дух со соседите вчера повика и претседателката Силјановска-Давкова и порача дека би можеле да бидеме малку Скандинавци.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе