СЕРИЈА А 2019/20

Милан го среди Јуве, бламажа на Лацио

Фуриозни последни половина час на „Росонерите“ во кои од 0:2 направија 4:2, додека Лацио испушти шанса да се врати во игра за титулата откако загуби на гости кај Лече.

Откако првиот дел заврши без голови, следуваше голеада од шест голови во второто полувреме на натпреварот кој се играше на „Џузепе Меаца“. Кога Адриен Рабјо и Кристијано Роналдо во првите минути од вториот дел донесоа предност од 0:2 за „Старата дама“, дури и навивачите на Милан помислија дека Јуве уште еднаш рутински си обезбеди победа.

Но, потоа сѐ тргна надолу за тимот на Маурицио Сари. Во 62. минута Леонардо Бонучи играше со рака во казнетиот простор, а Златан Ибрахимовиќ од белата точка го совлада Војчјех Шченсни. Четири минути подоцна Ибра асистираше за Франк Кеси кој израмни на 2:2.

Јуве тргна од центарот, ја загуби топката, а контрата на Милан резултираше со пресврт и водство од 3:2 веќе во наредната минута. Стрелец беше Емерсон Леау. Во 80. минута поразот на Јуве го потврди Анте Ребиќ.

Remote video URL

Очигледно карантинот на фудбалерите на Лацио не им делувал нималку добро. Синоќа го запишаа третиот пораз во последните 5 натпревари, а претходно цела сезона имаа само 2. И тоа овој пат не загубија од било кој, туку од слабиот Лече, екипа која грчевито со бори за опстанок.

А натпреварот почна добро за Лацио. Поништен гол на Лече со ВАР во 2. минута поради играње со рака, а во 5-тата водство на Лацио преку Фелипе Каиседо.

И потоа пресврт на Лече. Хума Бабакар на половина час игра израмни на 1:1, а во 5. минута од судиското надополнување Марко Манкозу не реализираше пенал за пресврт. Сепак, пресвртот дојде веднаш по паузата кога Фабио Лучони погоди за 2:1, резултат кој остана непроменет до крајот.

Remote video URL

Четвртиот сезонски пораз на Јуве значи дека Лацио пропушти колосална шанса да се врати на -4. Сега разликата останува 7 бодови предност за „Бјанконерите“ на 7 кола до крајот. Милан со 49 бодови останува во игра за она 5. место кое води во групите од Лига Европа и за кое се бори со Рома и Наполи. А, пак, Лече со првата победа по 6 посни кола барем за момент излезе од зоната за испаѓање.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе