Милан и Интер не сакаат да се селат од „Сан Сиро“

Според италијанските медиуми, двата клубови од Милано пронајдоа заедничко решение и одлучиле дека ќе го реновираат „Сан Сиро“, наместо да се селат од легендарниот стадион.

Стадионот „Сан Сиро“, кој е познат и како „Џузепе Меаца“ кога на него игра Интер, би можел да стане еден од најсовремените стадиони во Европа, но навивачите на двата тима се одлучни да дочекаат официјална одлука на клубовите пред да почнат да се радуваат за овие вести.

Во текот на вчерашниот ден челниците на Милан и Интер имаа состанок на кој се разговараше за иднината на стадионот, и според италијанските медиуми тие се решиле дека наместо двата клуба да градат нови стадиони, ќе го реновираат легендарниот „Сан Сиро“.

Првата иницијатива за селење од „Сан Сиро“ ја покрена старата управа на Милан, предводена од Силвио Берлускони, кои сакаа да изградат нов стадион во едно од предградијата на Милано. Но, подоцна дојде до промена на сопствениците и новиот претседател на Милан не се сложи со одлуката бидејќи тие имаа бурен трансфер период и веќе потрошија многу пари.

Двата претставници на клубовите вчера разговарале и со градоначалникот Џузепе Сала, при што биле договорени првите услови за реновирање на стадионот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе