УЕФА ЕУРО 2020

Милер за промашувањето против Англија: Не можам да спијам

Германскиот напаѓач признава дека моментот од тој натпревар ќе го прогонува вечно бидејќи таа шанса можеше да го смени крајниот резултат.

Томас Милер проговори за решавачкото промашување, шанса која искусниот голгетер успеа некако да не ја реализира. Се случи кратко по голот на Рахим Стерлинг во 75. минута кога Англичаните поведоа. Токму Стерлинг ја загуби тпката во германската половина, Каи Хаверц веднаш одлично го пронајде Милер кој иташе кон англискиот гол непречен од никого. Еден на еден со голманот Џордан Пикфорд, Милер ја испрати топката крај стативата на неверување на германските навивачи.

„Тоа е тоа, еден момент кој засекогаш ќе се вгнезди во моето сеќавање, кој навечер не ми дава да спијам“, пишува Милер на својот Instagram профил.

„Оној момент за кој како фудбалер си работел, си тренирал и си живеел. Оној момент кога од тебе зависи дали ќе го вратиш твојот тим во игра и ќе ѝ донесеш радост на твојата нација“.

„Многу боли тоа што имав шанса и промашив. Боли поради целиот тим, моите соиграчи и тренерот кои веруваа во мене. Но, најмногу боли поради германските навивачи кои дојдоа на стадион да нѐ поддржат и покрај тешката ситуација со пандемијата“.

Германија потоа прими уште еден гол за конечна победа на Англија од 2:0 и елиминација на Германците.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе