Ноќеска во НБА се одиграа само пет натпревари, а најинтересно беше во Милвоки каде домаќинот дури по продолжение успеа да го совлада драстично ослабениот Бостон.
Бостон Селтикс на гостувањето кај Милквоки Бакс играше без четворица од своите најдобри играчи: Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Маркус Смарт и Ал Хорфорд, но даде голем отпор и Јанис Адетокунбо мораше да одигра дури 46 минути за Милвоки да слави, со конечни 131:125.
Гркот за малку натпреварот не го заврши со трипл-дабл учинок - му фалеше само една асистенција откако оствари 36 поени, 13 скокови и 9 асистенции. Одличен беше и Џру Холидеј со 40 поени и 7 асистенции. Во редовите на Бостон најдобар беше Дерик Вајт со 27 поени и 12 асистенции.
Резултати:
Милвоки Бакс - Бостон Селтикс 131:125 прод.
Торонто Репторс - Орландо Меџик 123:113
Феникс Санс - Сакраменто Кингс 120:109
Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 134:124
Портланд Треил Блејзерс - Вашингтон Визардс 101:126
Табела: