Мисајловски: Ветуваме дека во Чаир повеќе нема да има граѓани од втор ред

МИА
/ 05.07.2020 / 16:21

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Владо Мисајловски денеска од Чаир порача дека таму повеќе нема да има граѓани од втор ред и вети инфраструктурни објекти и поголеми капитални инвестиции.

– Ветуваме инфраструктурни објекти, ветуваме поголеми капитални инвестиции. Позади мене се наоѓа Поликлиниката Чаир, СДСМ ветуваше дека ќе ја реновира комплетно, но може да видиме дека едно камче не е мрднато. Ние можеби ветуваме илјадници проекти, но сите тие се издржани, сите тие ќе бидат исполнети, затоа што ние стоиме позади секој еден проект. Можеби не ветуваме се и сешто, но она што ќе го ветиме, ќе го исполниме. Тука доста граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ред, бидејќи институциите не работат за нив, бидејќи локалната и централната сосема ги заборави, нагласи Мисјаловски.

Ние, вели тој, се обврзуваме со ветување до сите пензионери дека ќе ги зголемиме пензиите за преку 20 проценти, бидејќи тие, како што посочи, заслужуваат и се столб на општеството.

– Тие тука во Чаир живеат и живееле со години, сакаат да останат тука, затоа треба да им го подобриме стандардот, но не само на пензионерите, туку и на сите останати. Затоа ветуваме поголеми плати, како и подобар животен стандард, истакна Мисајловски.

Тој од чаирчани побара поддршка за, како што рече, да направат обнова во културата, да ја обноват инфраструктурата, како и традицијата и достоинството на семејните вредности.

– Чаир е место кое заслужува да му се даде посебен акцент, Чаир не смее да се заборави и овие луѓе тука кои се останати да живеат, сакаат само една подобра перспективност, подобар стандард и нивните деца да продолжат да живеат тука. За да младите останат тука, потребна е обнова на Македонија, затоа ги повикувам сите граѓани да излезат и да ни ја дадат поддршката, а после 16 јули да работиме напорно секој ден, за секој еден граѓанин, заклучи Мисјаловски.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Ново

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе