Мисиркини батаци со млад компир во пиво

Мисиркиното месо е одличен избор кога човек сака да одмори од свинско, телешко и пилешко. Мисиркините батаци со млад компир во пиво се крцкави и сочни, а компирите се топат в уста.

Мисиркини батаци со млад компир во пиво е совршена и класична комбинација во која можете да уживате со гостите. Младите компири само крцкаат кога ќе се испечат, а батаците се сочни и совршено се комбинираат со компирите.

Потребни состојки:

  • 2 мисиркини батаци (околу 1 кг)
  • 3 лажици соја сос
  • 3 лажици масло
  • 1 лажица вегета
  • сол
  • црн бибер
  • 700 гр млад компир
  • 150 мл пиво
  • 50 гр путер

Подготовка:

Прво добро измијте ги и исушете ги мисиркините батаци и направете длабоки засеци од двете страни.

За батаците подгответе маринада така што ќе ги помешате сите состојки од рецептот и убаво ќе измешате. Со оваа маринада обилно премачкајте ги батаците и оставете ги да отстојат 1 час.

Компирите добро измијте ги без да ги лупите и крупно исечкајте ги. Во сад ставете малку масло и вегета, додадете ги компирите, посолете по вкус, па убаво измешајте.

Распоредете ги компирите на дното на одбраниот плех и одозгора ставете ги маринираните мисиркини батаци. Исечете парчиња путерот и додадете ги, па истурете го пивото. Потоа ставете го плехот во рерна загреана на 200°C и печете околу час и половина. Месото од мисирка превртувајте го на секои половина час за да биде сочно и рамномерно сварено од сите страни. Печете додека мисиркиното месо и компирите не добијат златно-кафеава боја.

За сервирање можете да комбинирате со некој зеленчук по желба или печурки на скара.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе