Мистериозни огнени топки снимени над јапонското небо

Локалните жители снимиле сјајна светлина како го сече ноќното небо во јужните краишта на Јапонија.

Чудни објекти налик на огнени топки беа забележани во средата вечерта над префектурата Окинава во Јапонија, јавуваат локалните медиуми со очевидци кои сведочат споделувајќи видеа на социјалните мрежи.

Видео направено од репортер на NHK околу 20:30 часот по локално време ги прикажува објектите како пламнуваат низ небото близу градот Наха во најјужниот јапонски регион. Новинарот рече дека биле „изненадени“ од глетката, забележувајќи дека „прво помислив дека е огномет, но не слушнав никаков звук, а и се движеа праволиниски“.

URL

Астрономската опсерваторија Ишигакиџима, лоцирана во градот Ишигаки на островскиот синџир Окинава, подоцна потврди дека забележала „лента светлина“ на небото северно од објектот во 20:33 часот во средата.

Бројни локални жители исто така ги снимале огнените топки и материјалот го прикачија на интернет. Весникот 琉球新報 (Рјуку Шимпо) објави видео-компилација од клиповите споделени од жителите. Ширум интернетот кружат шпекулации дека огнените топки се остатоци од метеор или ѕвезди што паѓаат.

Remote video URL

Додека објектите сè уште чекаат да бидат идентификувани, опсерваторијата Ишигакиџима понуди објаснување што држи вода, велејќи дека се очекувало остатоци од кинеска ракета (што била лансирана во ноември) да навлезат во земјината атмосфера ноќта на 10 мај. Опсервацијата предвиде дека вселенскиот отпад „ќе помине директно над главниот остров во Окинава“, или северно од него, пренесува NHK.

„Може да се очекува дека огнените топки и метеоритите ќе ја погодат Земјата вертикално или косо, но остатоци од сателити и ракети орбитираат околу Земјата“, велат од опсерваторијата. „Значи, можно е [остатоците] да изгледаат вака бидејќи полека ќе се паѓаат, речиси паралелно со Земјата, и ќе изгорат во долг временски период“.

Во тек е и метеорскиот дожд Ета АСкварид - активен годинава помеѓу 15 април и 27 мај - иако пикот на настанот веќе помина минатата недела, кога се очекуваше околу пет метеори да бидат видливи на небото над Токио. Не е јасно дали дождот сè уште ќе биде забележлив од Окинава во сегашната фаза.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе