Мит или реалност: Дали кучињата навистина претчувствуваат земјотреси?

Турција сè уште ги брои загинатите и повредените по еден од најразорните земјотреси што ја погоди земјата. Спасувачките екипи, вклучетно и од бројни земји, полека пристигнуваат за да помогнат во пронаоѓањето на оние кои сè уште се под урнатините.

Првиот од двата силни земјотреси беше регистриран во понеделникот рано утрото и беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Вториот удри попладнето и беше нешто послаб - 7,5 степени според Рихтер.

Станува збор за земјотресите кои нанесоа непроценливи штети на јужните и источните делови на земјава во вид на уништена инфраструктура и изгубени животи, кои се измерени на повеќе од пет илјади.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи седумдневна жалост во целата земја, а воведена е тримесечна вонредна состојба. Знамињата на државните институции се спуштени на половина копје.

Инаку, тоа е област која е тектонски исклучително активна. Турција особено има проблем на својот северозапад, но и на истокот на земјата, која има изразена тектонска активност.

Сеизмолозите тврдат дека (сè уште) не постои технологија во светот која на кој било начин може да предвиди кога и каде ќе се случи земјотрес, ниту со каков интензитет ќе биде.

Човечката интелигенција ја нема оваа можност, но истото не може да се каже и за животните. За разлика од луѓето, тие можат да претчувствуваат тресење на земјата, што е докажано многу пати досега.

Имало многу примери

Босанскиот голман Горан Карачиќ, кој настапува за турскиот Аданаспор, синоќа се појави во дневникот на HRT и ја опиша драмата што ја доживеал заедно со сопругата. Рече дека животот му го спасил никој друг туку неговото куче.

„Можам слободно да кажам дека мојот живот и животот на мојата сопруга го спаси нашето куче! Инаку, тоа е многу мирно животно кое ретко прави врева. Неколку моменти пред земјотресот почна да лае и да скока низ собата, што нѐ разбуди и нѐ алармираше дека нешто не е во ред, по што истрчавме на улица“, изјави поранешниот голман на Зрињски.

Во ноември 2019 година и Албанија беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, кој однесе 11 животи.

Надзорните камери од една зграда снимија куче кое спиело под балконот и почувствувало опасност и побегнало од зградата непосредно пред да започне тресењето на земјата. Само неколку секунди подоцна целата зграда почна да се тресе.

Remote video URL

На крајот на 2020 година и Петриња во Хрватска беше погодена од силен земјотрес. Уште тогаш, многу граѓани на Хрватска се појавија со слични искуства во кои опишаа како нивните миленици го претчувствувале тресењето на земјата.

„Нашето куче се сокри во бањата, по што побегна уште пред да се затресе по вторпат“, „Кучето нѐ разбуди со лаење, па во два наврата почувствувавме дека се тресе“, напишаа тогаш Хрвати на социјалните мрежи.

Донекаде постои објаснување

Изгледа дека тоа не е само народно верување. Овој феномен за боснаскиот портал Klix го објаснил Енсар Медедовиќ, доктор по ветеринарна медицина, член на фондацијата Dogs Trust и инструктор за обука на кучиња од Сараево.

„Некои животни, особено кучињата, навистина можат да предвидат земјотреси, што е докажано многу пати досега. Кучињата имаат над 250 милиони олфакторни клетки, за разлика од луѓето кои имаат само 5 милиони. Тие обично го манифестираат своето 'претчувство' преку агресивно однесување и хиперактивност, придружено со гласно лаење неколку моменти пред самиот удар“, вели Медедовиќ.

Додава дека животните имаат повисока горна граница на фреквенција од луѓето, што може да ги објасни нивните „супермоќи“ до одреден степен.

Британскиот биолог Руперт Шелдрејк во својата книга „The Sense of Being Stared At“ зборува за многу докази за чудно однесување на животните непосредно пред земјотрес.

„Има многу извештаи за диви и припитомени животни кои биле многу исплашени, вознемирени или чудно се однесувале во часовите или дури деновите пред земјотресот. Истото важи и за земјотресот во Турција во 1999 година со епицентар во близина на Измир. Кучињата завиваа часови пред земјотресот, а многу мачки и птици се однесуваа чудно“, рече Шелдрејк.

Ова е без сомнение уште еден доказ зошто кучињата со право го носат епитетот на најдобар пријател на човекот и една од причините зошто би било пожелно да ги имаме овие благородни животни во наша близина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе